ФОТО: Згодниот лекар и неговото куче го освојуваат Инстаграм

Мајк од Њујорк, лекар по општа медицина воопшто не се надевал дека тој и неговото куче Рокси ќе станат неверојатно популарни на Инстаграм.

Себеси се опишува како обичен маж кој со своето куче се бори против светот. Кога новинарите го запрашале која е тајната на неговиот успех, Мајк рекол дека за големата популарност е заслужен Рокси, а не тој.

m

-Искрено, отворив Инстаграм како и секој човек. Поставував фотографии од она што го правев секојдневно. И секако, Рокси. Всушност мислам дека Роски е тајната на успехот. Ме следат на Инстаграм поради неа, а не поради мене, појаснил Мајк.

Со него веројатно не се согласуваат повеќето од неговите 300 илјади следбеници, особено женскиот дел, кои го опишуваат како исклучително згоден и убав маж.

-Реакцијата на луѓето е навистина неверојатна. Луѓето се навистина слатки, рекол Мајк, кој својата популарност ја искористил и за помагање на хуманитарните организации, повикување на одредени настани, како и за помагање на студентите по медицина.

Инаку Мајк ја вдомил Рокси кога имала само три месеци. Откако неговата мајка починала, тој и неговиот татко решиле дека во домот им е потребен уште еден член.

-Отсекогаш сакавме куче. Мислев дека е совршено време за домашно милениче. На крајот излезе дека Рокси е еден од најголемите благослови во мојот живот, истакнал Мајк.

m1

m3

m4

m5