Магазин

Фото: Жена змеј – Не пие лекови, не старее, не боледува од ништо

Фото:  Жена змеј – Не пие лекови, не старее, не боледува од ништо

Анет Ларкинс е жена којана свои 72 години има лице и тело на девојка, а тајната за својот младолик изглед и доброто здравје, веќе со години ја дели со јавноста,откривајќи ги своите рецепти за јадеања кои сама ги приготвува и напивки со кои секојдневно го чести својот организам.

Анет е родена во 1942 година, во Северна Каролина, меѓутоа најголем дел од својот живот минала во Флорида, која ја смета за свој дом. Таму го запознала својот сопруг,  кој е девет години постар од неа. Со него се oмажила на 16 години. Пред да наполни 19 години, таа родила два сина и тоа во интервал од 10 месеци.

anet-larkins-1416485672-51411 anet-larkins-1416486508-51413

Во однос на неа, сопругот изгледа како старец, а нејзините 50 годишни синови, како нејзини врсници.

На нејзинаа трпеза никогаш нема да најдете ништо што не потекнува од нејзината градина, каде што одгледува зеленчук, овошје и лековити билки.

Прави извонредни салати и вкусни јадења и секојдневно цеди и пие домашни сокови. Нејзиното животно мото е : Нека храната биде твојот лек, а лекот твоја храна“.

Напишала книга со совети што треба да се јаде, која што е многу барана меѓу приврзаниците на нејзиниот начин на живот.

„Секогаш сум сакала да мотивирам поединци да направат промена во својот живот и да го подобрат неговиот квалитет ми се допаѓа да ја стимулирам нивната психа и да им помагам да ја пронајдат својата внатрешна сила“, објаснува таа.

Што јаде?

Рецепт за еден од нејзините здрави оброци: зелка салата, исецкана зелена салата, булгур (намирница од органско потекло која се прави од пченица, може да се купи во продавници за здрава храна), црвена пиперка, брокула, печурки, солени крекери и ким.

Нeјезин предлог за ручек:  Див ориз, лук, малку леб натопен во сок од авокадо, парче авокадо, ситно сецкан црвен пипер.

anet-larkins-jelo-1416484370-51395 anet-larkins-jelo-1416484962-51402

Во својата градина, Анет одгледува „дрво на животот“ Нони.  Плодот од дрвото се користи за правење сок, за мелеми, а листовите за чаеви. Познато е дека мелемот од Нони, значително помага кај кожни болести.

anet-larkins-basta-1416485409-51406