ФОТО: Живот како на филм, десетмесечен актер со мама и тато рекреира филмски сцени

Австралијанците, Леон Меки и Лили Ленг, го ставија својот син Орсон во своите омилени филмови, рекреирајќи ги сцените кои им оставиле најголем впечаток со помош на картони, кутии, перници, платна, и се’ што ќе најдат по дома.

Диносаурусов е помалку страшен од оној од холивудскиот хит „Џурасик парк“ (Фото: Cardboardboxoffice.com)

„Нашиот социјален живот драстично се смени, па одлучивме викендите да ги минеме дома и да направиме нешто интересно“,  напиша двојката на својата страница „Cardboardboxoffice.com“. Тие се преселиле од Мелбурн со Сиднеј, па наместо да шетаат, седат дома и се забавуваат на уникатен начин.

Бебето претставува стапица како во филмот „Сам дома“ (Фото: Cardboardboxoffice.com)

Во текот на минатите месеци Леон и Лили направиле сценографија од картон и оживеале сцени од филмот „Аполо 13“, „Подемот на Мрачниот витез“, „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“, „Животот на Пи“, „Сам дома“, „Џурасик парк„ и други кои им се омилени.

Орсон како Бетмен (Фото: Cardboardboxoffice.com)

По примерот на „Аполо 13“, членовите на семејството Меки станаа астронаути (Фото: Cardboardboxoffice.com)

Инспирирано од филмот „Водениот живот со Стив Зис (Фото: Cardboardboxoffice.com)