Македонија

ФОТО: Ѕирнете во новиот тунел на делницата Демир Капија – Смоквица

ФОТО: Ѕирнете во новиот тунел на делницата Демир Капија – Смоквица

Градежните работи на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се до половина завршени. Оваа делница е во вкупна должина од 28,18 километри и за 8 километри ќе го скрати патувањето до Гевгелија. Заклучно со крајот на 2014 година ќе бидат реализирани 52,72% од градежните работи. Пробиени се двата тунела од по 1.200 метри и се работи на финалниот изглед преку изолирање, дренирање и бетонирање, пишува Економски.мк.

Делницата ќе биде готова во 2016 година. На изградбата на делница работат околу 1000 работници. Жителите од овој регион на земјава велат дека платите изнесувата околу 20.000 денари.

Делницата ја гради грчката фирма Актор, ќе чини 210 милиони евра, 45 милиони се од европските фондови, 6 милиони од буџетот, а останатите кредити од Европската инвестициска и Европската банка за обнова и развој.

kapija1

kapija2

kapija3

kapija4

kapija5