ФОТО: Ѕирнете во преубавиот дом на Роберто Кавали

Како изгледа домот во кој живее еден од најпознатите дизајнери? Раскошно, отмено и секако модерно!

kavali_1

Американскиот магазин ИнСтајл имаше ексклузивна можност да „ѕирне“ во италијанската вила на славниот моден дизајнер Роберто Кавали.

kavali_3

Домот на Кавали што се наоѓа во Тоскана е вистински „десерт“ за љубителите на ентериерот. Целата куќа е уредена со класичен тоскански шарм, а елементите од мебелот се направени воглавно од дрво и камен.

kavali_2

Силните бои и живите примероци на домот во целост му даваат единствен и богат изглед. Затворениот базен, мермерните подови и перничињата обложени со ткаенини од минатите колекции на Кавали се само некои од луксузните детали на оваа прекрасна вила, која веруваме дека ќе ве воодушеви на прв поглед.

kavali_11