ФОТО: Змија долга 1 метар во центарот на Битола

Утрово околу 8 часот во центарот на Битола, кај тревникот била забележана змија долга околу еден метар.

Граѓани кои се движеле околу старата болница ја забележале, по што ја пријавиле во ЈП „Комуналец“ од кои беше отстранета.

Секој ден поминувам одтука, утрово ја забележав. Долга беше околу еден метар. Изминативе години не сум видел толку голема змија. Сакам да упатам и апел до родителите со бебешки колички и мали деца и до сите граѓани, да внимаваат кога се движат по тротоарите, каде има високи треви и контејнери – вели жител за ТВ Орбис.

Извор: ТВ Орбис

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.