ФОТО: Змија поскок уловена среде Скопје

Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите.

Попладнево во тревникот кај КБ Првото пензиско друштво, веднаш спроти зградата на Владата, се појави поскок, долг околу 50 см, кој веднаш беше уловен.

Поскокот е најотровната змија во Македонија. Наездата на змии досега испрати петмина граѓани на инфективна.

1poskokzmija

Се препорачува да се избегнуваат повисоки треви и да се внимава каде се гази.