Балкан

ФОТО: Знамиња на ИД се веат во БиХ

ФОТО: Знамиња на ИД се веат во БиХ

Знаме на ИД се вее во селото Горна Маоча, кое се наоѓа во близина на Брчко во БиХ, пишува српски „Курир“.

Ова е прв пат обележје на екстремистичката организација да се завиори на Балканот.

На покривот на куќата, чијшто сопственик сеуште не е познат, имало знаме, а на прозорците виселе уште две знамиња со обележја на ИД, а на фасадата биле исцртани обележја на терористичката организација. Дури и прозорците биле исцртани симболи на џихадистите.

Во истото село, биле забележани симболи на ИД и на неколку други објекти.

Засега нема информации дали некоја институција реагирала и дали знамињата сеуште се наоѓаат на куќата.

Инаку, Горна Маоча е седиште на вахабистичка заедница, а босанските медиуми пренесуваат дека жителите во ова село речиси една деценија се под истрага од полициските и разузнавачките агенции поради сомнежот дека се поврзани со тероризмот.

Фото:Kurir.rs