ФОТО: Зпочна Зимската Олимпијада во Сочи

Светот и љубителите на спортот со нетпрение го очекуваа отворањето на најскапите Зимски олимписки игри на кои домаќин е Русија.

Олимпијадата свечено, во присуство на 44 светски лидери денеска во 17 часот ја отвори рускиот претседател Владимир Путин, а игрите ќе траат до 23 овој месец.

Но, Олимпијадата во Сочи не ги руши рекордите само во буџетот, кој брои 50 милијарди долари. Ова се најобезбедуваните игри со повеќе од 40 илјади полицајци и војници, како и рекорд во бројот на држави кои учествуваат, над 6.000 спортисти од 88 држави, кои ќе ги одмерат силите во 15 различни спортови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.