сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

ФОТО: Ѕвезди со лоша репутација

kim-4

Последни вести

Иако славните често говорат дека „секоја реклама е добра реклама“, се утврди дека пречестото појавување во медиумите не им носи секогш корист.

Така, некои славни родители со своето непримерно однесување и честите скандали предизвикаа гнев кај фановите, кои ги „сместија“ на листата ѕвезди со најлоша репутација во Холивуд.

Ким Кардашијан

Таа и здосади на публиката со својата пречеста појава во медиумите. На сите ни е добро познат фактот дека оваа позната мајка го искористи своето семејство како познат светски бренд и дека стана планетарно популарна. Но, кога само би ги согледале работите од другата страна, би сфатиле дека оваа славна дама и нема некој особен талент и квалитет. Поради тоа поседува лоша репутација во Холивуд.

Мел Гибсон

HOLLYWOOD, LOS ANGELES, CA, USA - MAY 07: Actor Mel Gibson arrives at the Los Angeles Premiere Of Warner Bros. Pictures' 'Mad Max: Fury Road' held at the TCL Chinese Theatre on May 7, 2015 in Hollywood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Image Press/Splash News) Pictured: Mel Gibson Ref: SPL1020467  070515   Picture by: Image Press / Splash News Splash News and Pictures Los Angeles:310-821-2666 New York:	212-619-2666 London:	870-934-2666 photodesk@splashnews.com

 

Мел Гибсон често е пријавуван поради упатување навреди кон лицата со хомосексуална ориентација, а исто така ги навредувал и Афроамериканците и Мексиканците. Воедно, тој е познат и по неконтролираното конзумирање алкохол.

Серена Вилијамс

Оваа позната тенисерка во една прилика изјави дека тенисот е „осамен“ спорт и дека е многу тешко да се игра под неверојатен притисок и „под лупа“ на јавноста. Но, како што истакнува повеќе и одговара да игра самостојно, бидејќи не е тимски играч. Поради оваа изјава ги изгуби симпатиите на некои фанови и колеги, но тоа воопшто не ја тангира.

Еминем

Познатиот рапер поседува огромен талент и неверојатна интелигенција. Како еден од најдобрите рапери тој ја „заработи“ нетрпеливоста и осудата за своите колеги рапери. Неговата репутација е на лош глас, исклучиво поради колегите кои не го подржуваат.

Бритни Спирс

Оваа неверојатно талентирана ѕвезда која за време на кариерата продаде повеќе од 100 милиони албуми, со скандалите го уништи статусот кој макотрпно го градеше. Сепак, кога сфати кое дно го допре, таа одлучи да се врати во нормала, но тоа не и помогна да ја врати изгубената доверба кај голем број фанови.

 

 

 

 

Најчитани вести