Фотографии од голи 10 годишни девојчиња пронајдени во компјутерот на Верушевски

Фотографии од голи девојчиња за кои полицијата претпоставува дека се навозраст од околу 10 години, како и еден видео клип со секусална содржина меѓу постар маж и малолетно девојче се пронајдени во компјутерот кој е запленет на екс-директорт на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски.

Пронајдените материјали се дадени на вештачење и анализа за да се утврди дали лицата кои се на фотографиите се државјани на Република Македонија. Доколку истрагата покажа дека лицата кои се на видо записот и фотографиите не се македонски државјани, тогаш според процедурата, Министерството за внатрешни работи ќе треба да го извести Интерпол.

Зоран Верушевски беше уапсен во петокот вечерта под сомнение дека извршил серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје, како и прикажување порнографски материјал на дете.

При претресот кај него биле пронајдени 2 пиштоли, а му бил одземен и компјутерот каде што полицијата нашла порнографски материјал.

Инаку, извршен е претрес и во Охрид кај синот на екс-директорот на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање, при што биле одземени лап топ и мобилен телефн кои дополнително ќе се вештачат.

Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот.

По изнесувањето кај истражен судија, на Верушевски му е одредена мерка притвор.