Фотографии од страшната сообраќајка кај Прилеп

Едно лице загина на лице место во сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Прилеп – Битола во близина на депонијата Алинци.

2

До сообраќајката дошло откако возило пик-ап Опел со битолска регистрација директно се судрило со шлепер.

Пикапот влегол во лентата на движење на шлеперот, при што настанал стравичниот судир.

3

Не забележувајќи ја колоната од возила која се создала поради директниот судир, поради неприлагодена брзина се судриле уште неколку возила предизвикувајќи верижен судир, при што две лица се потешко повредени и се однесени во прилепската болница.

ФОТО: Вечер (Љупче М.)