Фотографии од убиениот и застреланиот во Речица

Учесниците во денешната престрелка во тетовска Мала Речица, на околу 300 метри од централното седиште на ДУИ, се членови и активисти на албанската владејачка партија од огранокот во Куманово.

Во својата последна објава под псевдонимот Наип Беланоча, убиениот Наип Реџепи го споделил овој статус „Многумина се раѓаат како мажи, ама малку умираат како мажи“. Тој бил влијателен член на ДУИ во Куманово од село Белановце, Липковско.

 

 

Еден од повредените е Флорим Мисини, кој од фотографијата се гледа дека е активен член на ДУИ, а засега нема новости за неговата здравствена состојба. Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Додека пак тешко повреден е и близок роднина на убиениот Наип Реџепи

 

Досегашните непотврдени информации од анонимни извори тврдат дека едната група била блиска до поранешен пратеник на ДУИ од Куманово, кој своевремено беше дел и од партиското Централно претседателство, додека другата се поврзува со член на кумановскиот совет, кој патем бил во роднинска врска со еден во учесниците во инциндентот.

Неофицијално, оваа престрелка е резултат на изборот на нов претседател на кумановскиот огранок, што предизвикало револт и нервоза кај дел од структурите во кумановската филијала на ДУИ.

Инаку, кумановскиот огранок на партијата на Али Ахмети беше во фокусот на вниманието на јавноста и пред две години, кога беше убиен Реџеп Исмаили, познат како командант Шипоња, поради внатрепартиска кавга кој да го води партискиот огранок.