Фотографии од Вселената

Во лондонскиот Музеј на национална историја отворена е изложба на фотографии на Мајкл Бенсон, кој е познат по неговите дела во кои има „спојување“ на науката и уметноста.

Изложбата опфаќа 77 фотографии со кои Бенсон на љубителите на „веселснките авантури“ сака да им прикаже поглед на Земјата и вселенското пространство од една нова перспектива – од Вселената.

На „вселенските“ фотографии, меѓу останатото, се прикажани повеќе региони на планетата Земја, најголемата планета во Сончевиот систем – Јупитер, неговиот најголем природен сателит Ганимед и повеќе други вселенски тела.

2

3

4

5