Фотографија која ќе ви го скрши срцето: Што се можевме да имаме

Семејниот портрет на пар, кој во прегратки го држи своето дете, а покрај нив се сенките на петте деца кои ги загубиле, поради спонтан абортус погоди многумина. Фотографијата го покажува страдањето на ова семејство.

Катарина и нејзиниот сопруг сакале да имаат фотографија на која е прикажано нивното цело семејство од осум членови, за засекогаш да го зачуваат споменот на петте дечиња кои ги загубиле.

-Ми требаа неколку дена за да го завршам портретот, оваа слика ми падна тешко. Можам само да се обидам да замислам низ што поминуваат секој ден. Срцето ми се скрши за неа и нејзиното семејство, искрено напишала фотографката Деандра.

За жал, околу 50 проценти од бременостите завршуваат со спонтан абортус. Абортусите во второто тромесечје почесто се предизвикани од одредени болести на мајката, вродени или стекнати пореметувања, како и останати фактори.

Спонтаните абортуси не се реткост и им се случуваат на 10-15 проценти жени во репродуктивниот период.