Свет

Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?

Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?
Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?

На интернет повторно кружи фотографија за која многумина сметаат дека е доказ дека Америка ја создала ИД – Исламска држава.

Станува збор за фотографијата на Џон Мекејн за време на неговата посета на Сирија во 2013-тата, за која теоретичарите тврдар дека на фотографијата е Абу Бакр ал Багдади, а Мекејн ги демантираше таквите наводи.

Џон Мекејн, американскиот политичар и претседател на Комитетот за вооружување на Сенатот на САД во 2013-тата година ја посети северна Сирија, каде се сретна со наводните борци против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?
Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?

На една од фотографииите снимени во таа прилика зад него се гледа непознат маж, за кого политичките противници на Мекејн тврдеа дека е лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.

Тоа тврдење сега го преземаа теоретичарите на заверите низ светот, кои повторно ја објавуваат спорната фотографија на социјалните мрежи како доказ дека Америка ја создала ИД.

Колегите потврдија: Мекејн навистина имал средба со терористите

Дури и колегата републиканец на Мекејн, Ренд Пол тврдел дека сенаторот се фотографирал со терористите.

Точно е дека тој имал состанок со припадниците на ИД, но тогаш не знаел кои се тие. Ако не говорите арапски тешко е да разграничите кои се побуненици против режимот на Асад, а кои се припадници на ИД, гласеше објаснувањето на Пол.

Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?
Фотографијата на Мекејн – доказ дека Америка ја создала ИД?

Мекејн тогаш ги демантираше сите тврдења, тврдејќи дека мажот на фотографијата „само наликува на Багдади“.

САД извршија инвазија на Ирак, беше симнат Садам Хусеин, но никогаш не беше формирана вистинска држава. Тоа беше погодно тло за Исламска држава, која е поопасна од Ал Каеда, смета професорот по политички науки Бери Позен.