Фотографија од повредата на бодибилдерот Мирко

Најпознатиот македонски бодибилдер Мирко Петровски порано заврши со тренинзите за оваа година поради повреда која ја добил за време на вежбањето.

Додека изведувал вежби за гради, легнат на клупата се обидел да подигне 210 килограми, но почуствувал силна болка.

Се здобил со повреда – неколку испукани мускулни влакна, а за среќа до его биле двајца мажи кои веднаш му помогнале и го спасиле од посериозна повреда.

mirko

– За среќа, главниот граден мускул не ми е повреден. Бев на снимање и се е во ред. Ќе паузирам 3 до 4 недели, а потоа се враќам назад во теретаната и ќе продолжам со подготовките – изјавил Мирко.

ФОТО: Република