Фотографија за која ни Фејсбук не знае што да прави

Џејд Бил фотографира жени веќе 15 години, а  била инспирирана од сопствениот гол изглед додека го доела своето бебе и била 40 килограми потешка. Токму таа фотографија ја поттикнала својата кариера да ја насочи кон славење на убавината, маните, различните облици на тело и ранливоста на сите мајки.

„Оваа фотографија многу брзо стана вистински хит на Интернет. Многу мажи ми праќаа порака да ја тргнам, иако ги цензурирав брадавиците и гениталиите, бидејќи претходните фотографии Фејсбук ми ги бришеше“, вели Бил.

Интересно е дека некој забелажал дека една брадавица не е замаглена, па фоторафијата, секако, била тргната.

„Зарем не мислите дека е глупаво тоа што мажите можат да покажуваат брадавици, додека за жените важи спротивно правило? Тоа веќе не е проблем на Фејсбук, туку на културата. Би сакала да постирам фотографии од голи мајки како ги дојат своите бебиња, но би сакала и сите Американци да го редефинираат својот став за женските гради и да го слават голото тело, неговите различни облици без потреба да го етикетираат како ‘вулгарно’ и ‘одвратно’“, велии таа за „Космополитан“.

На крајот Џејн ја поправила својата грешка и целосно ја цензурирала фотографијата која се наоѓа на нејзината Фејсбук страница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.