Фотографијата која го освои светот

Фотографијата на која се гледа како таткото се жртвува за неговото дете на дожд го обиколи светот. Оваа фотографија стана вистинска интернет сензација.

Под едноставен наслов „Татковци“ оваа фотографија на најдобар начин ја покажува пожртвуваноста на сите татковци ширум светот.

Акција за пронаоѓање на таткото

За сега фотографијата ја погледнале повеќе од 3,6 милиони луѓе ширум светот, а таткото кој наводно е фотографиран во Ванкувер во Канада се уште е непознат, иако на социјалните мрежи се шири акција за пронаоѓање на овој човек. Тој, сосема несвесно, со една фотографија стана симболот на пожртвуваноста и вистинската љубов каква што само таткото може да и ја даде на своето дете.

Момчето, кое шета покрај таткото во маичка на куси ракави и без јакна, очигледно не очекувајќи ваков пороен дожд, за сега веројатно воопшто не е свесен за величествениот потег на неговиот татко, кој во меѓувреме стана еден вид херој, но и тоа како е задоволно што не  мора да кисне.

На таткото од друга страна, воопшто не му пречи што работната гардероба целосно му станува проѕирна од дождот и што актовката и се она што се наоѓа во неа се бањаат во вода – важен му е само неговиот син.