Фотографијата која го „запали“ рускиот интернет крие слатка тајна на Путин

Познатиот руски забавувач и влијателен твитерџија, Александар Белов, ја заинтригира јавноста кога на социјалните мрежи дал свое мислење за фотографија кој е сликана пред едно московско кафуле, на која се гледа обезбедување вооружено со автоматски пушки.

Кога фотографијата дошла во јавност веднаш се покренала расправа. Имало различни мислења, но сите се согласиле со едно- во кафулето мора да има некој политичар со висок профил или некој олигарх.

Но, според Белов, тие не се во право. Тој тврди дека обезбедувањето е придружба на поранешната руска олимписка гимнастичарка и наводно девојка на Путин, Алина Кабаиева.

putin1

За потесетување, руските медиуми пишуваа дека во 2008 година Путин и Алина се вериле. Путин остро ги демантираше овие гласила. Минатата година Путин се разведе од својата жена Лудмила, а неговиот портпарол кажал дека од тогаш нема друга жена во неговиот живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.