Фрајбург се надева на поскромен пораз во Минхен

Нови три бода на своето конто запишаа фудбалерите на Мајнц кои на најдобар можен начин ја искористија предноста на домашниот терен во премиерниот натпревар од 21. коло во германската Бундес лига и сосема заслужено со 2:0 го победија гостинскиот тим на Хановер.

Сите 90 минути ги одигра најверојатно новиот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Николче Новески.
Тимот на Фрајбург најверојатно ќе биде најновата жртва на актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М), а обврска да ја оправдаат фаворитската улога, но во дуелот против гостинскиот тим на Ајнтрахт од Франкфурд, имаат фудбалерите на Борусија од Дортмунд.

Денеска на програмата: Хофенхајм – Штутгарт, Баерн М. – Фрајбург, Борсуиај Д. – Ајнтрахт, Брауншвајг – Хамбургер, Вердер – Борусија М., Леверкузен – Шалке.