Франција: 42 лица загинаа во директен судар на камион и автобус (фото)

Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и автобус на југоистокот на Франција. Властите наведуваат дека бројот на жртви можно е да се зголеми.

Локални медиуми наведуваат дека по сударот двете возила се запалиле. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани околу 60 пожарникари, а најголем дел од патниците биле заглавени во автобусот кога избувнал пожарот.

Франција: 42 лица загинаа во директен судир на камион и автобус
Франција: 42 лица загинаа во директен судир на камион и автобус

Во автобусот се превезувале група пензионери кои оделе на дневен излет.

Судирот се случил околу 7.30 часот по локално време во близина на градот Песижин, на 70-тина километри источно од Бордо.