Франција бара од Британија да ги преземе децата од капот „Џунгла“

Офиицијален Париз ја повика владата во Лондон да ги преземе децата мигранти, без придружба, кои останаа во реонот на францускиот град Кале, по уривањето и расчистувањето на „дивиот„ бегалски камп, познат како „Џунгла“.

-Британија треба да ја преземе одговорноста за децата мигранти„- рекол францускиот претседател Франсоа Оланд, чија изјава ја пренесуваат британските медиуми.

Според претседателот Оланд, станува збор за 1500 млади, за кои рекол дека мошне бргу , сите  некаде би требало да бидат сместени.

Сега тие се оставени во привремени сместувалишта од уредени контејнери во реонот на Кале, но француската страна бара од Британија да ги земе децата  на своја територија, затоа што сите тие биле во Кале само затоа што барале да се префрлат на другата страна од  каналот Ламанш.

Велика Британија досега има преземено помалку од 250 деца од „Џунгла„ .

Нивното префрлање предизвика бурна реакција во британската јавност, откако ксенофобичните и антиевропски определените веснци во Лондон покренаа кампања дека примените деца се многу постари и не се деца.

Овие медиуми и пратеници на десницата на Конзервативната партија и од антиевропската УКИП, побараа на децата од „Џунгла„ да им бидат направени тестови на забите за да се утврди нивната вистинска возраст, што беше остро осудено и оквалуфикувано како нехумано и расистичко.

Околу пет илјади лица, бегалци но најмногу економски мигранти од африканскиот континент и од Блискиот Исток, беа преселени од кампот кај Кале.

Нелегалниот камп беше создаден најмногу од мигранти и бегалци кои сакаа илегално да се префрлат во Британија.