Франција е новиот европски шампион

Ракометната репрезентација на Франција е новиот европски шампион. „Триколорите” во финалето на Европското првенство во Данска, славеа над селкцијата на домаќинот и бранител на титулата со 41:32 (23:16).

Франција ја покажа својата моќ уште на стартот од натпреварот, успеа да се одлепи и на десет голови разлика, која успешно ја одржуваше до крајот на натпреварот. Незапирлив во редовите на „триколорите” беше Мишел Гигу со 10 голови, Порте постигна девет, Абало седум, а Нарсис натпреварот го заврши со шест погодоци. Во тимот на Данска најефикасен беше Хансен со девет голови.

За Франција ова е трет златен медал од европските првенства со што ја продолжи низата на победи во финалето, додека Данците го претрпеа првиот пораз во еден финале натпревари не успеаја да го освојат својот трет златен медал.

Во мечот за бронзениот медал Шпанија ја совлада Хрватска со 29:28

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.