Франција фаворит во дуелот против Нигерија

Поголемо внимание би требало да привлече вториот денешен осминафинален натпревар, дуелот помеѓу репрезентациите на Нигерија и Франција.

Поради поголемото искуство и фактот дека првотимците играат за најпознатите европски клубови, фаворитската улога им е доделена на репрезентативците на Франција кои постигнаа осум погодоци во групната фаза.

Најголема опасност пред нигерискиот гол би требало да биде напаѓачот на Реал (М), Карим Бензема кој сигурно ќе добие голема помош од бомбардерот на Арсенал, Оливие Жиру.

„Да, имаше такви кои помислија дека сме најдобриот тим во целиот свет после убедливата победа во дуелот против репрезентацијата на Франција. Сепак, многу од нив го сменија мислењето после нашиот натпревар против репрезентацијата на Еквадор. Аргентина имаше големи проблеми во дуелот против селекцијата на Нигерија. Играме против многу силен, многу незгоден противник, тим кој е составен од искусни и брзи фудбалери. Нигерија е тим со неколку квалитети. Очекувам многу тежок натпревар, очекувам неизвесност до последниот судиски свиреж. Моите фудбалери мора да се борат до последниот судиски свиреж. Ќе има борба за секоја топка”, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.