Франција и Германија ќе прифатат учество во борбата против ИД

Франција и Германија ќе прифатат учество во борбата против ИД

Урсула фон дер Лајен, германската министерка за одбрана изрази подготвеност да прифати учество на сириските владини сили во меѓународната борба против групата Исламска држава.

Франција и Германија ќе прифатат учество во борбата против ИД
Франција и Германија ќе прифатат учество во борбата против ИД

Во Сирија има армија, која целосно може да се искористи, како што се случи во Ирак, каде успешно беа обучени локалните сили, истакна Лајен.

Таа истакна дека нема да има иднина за Сирија додека претседателот Башар ал Асад е на власт.

Лоран Фабиус, францускиот министер за надворешни работи, вели дека соработката со сириската армија во борба против ИД е дозволена само доколку Асад си замине од власт.

Ако дојде до политичка транзиција и сириската војска повеќе не е раководена од Асад, тогаш може да се преземат заеднички дејствија против тероризмот. Но, се додека тој е на власт тоа нема да биде можно, нагласи Фабиус.