Франција ги зајакнува мерките за безбедност

Франција ги заострува мерките за безбедност на јавните места и во транспортот поради џихадистички закани.

Француското претседателство ја изрази подготвеноста на земјата да обезбеди поддршка за државите, кои тоа ќе го побараат во борбата против тероризмот.

Франција ја зголеми поддршката за сириските опозициски сили, кои се судираат со џихадистичките групи.

Соопштението беше објавено по седницата на францускиот Совет за безбедност под претседателство на Франсоа Оланд денеска – ден по поставувањето на Интернет на видео запис со обезглавување Французин, киднапиран во понеделникот во Алжир од исламистичка фракција, поврзана со „Исламска држава“.

Грабнувачите и дадоа ултиматум на Франција да ги прекине воздушните напади во Ирак врз позиции на џихадистичката организација – барање кое Париз одби да го исполни.