Франција ги засили безбедносните мерки по нападите во Брисел

Франција ги засили безбедносните мерки по нападите во Брисел
Франција ги засили безбедносните мерки по нападите во Брисел

По денешните терористички напади во Брисел, Франција ги засили безбедносните мерки на стратешките места низ земјата и на својата северна граница, јави дописникот на МИА од Париз.

Веднаш по терористичкиот напад, во Елисејската палата се одржа кризен состанок на претседателот Франсоа Оланд со премиерот Мануел Валс и министрите за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи, на кој беа разгледани соодветните безбеднсони мерки и им беше изразена почит на жртвите.

На интернет страницата на Министерството за надворешни работи на Франција, се појави совет со кој се бара од француските државјани да ги „ограничат нивните патувања и излегувања“ во белгиската престолнина, а е отворена и кризна линија.

Паралелно со седницата во Елисејската палата се одржа состанок и во Министерството за внатрешни работи, на кој стана збор за безбедноста на границите, со засилување на безбеднсоните мерки на аеродормите и железничките станици. Франција веќе го подигна безбеднсното ниво по апсењето на Салах Абдеслам во Брисел.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев по состанокот во Елисејската палата соопшти дека безбедносните сили ќе бидат засилени со уште 1.600 полицајци и жандарми. Од нив 400 ќе бидат мобилизирани само во Париз и неговиот регион, посебно во јавниот транспорт, каде ќе бидат придружувани од воени патроли.

Од ноември минатата година по нападите во Париз, на контролата на француските граници се ангажирани повеќе илјади полицајци, посебно на северната граница каде има 43 постојани контролни пунктови, при што биле контролирани шест милиони лица, а 10 000 биле спречени да влезат во Франција, соопшти Казенев.

Министерот за внатрешни работи најави дека ќе бидат зголемени и конторлите на аеродормите и железничките станици, на кои ќе имаат пристап само лицата со билети, а додкеа комапниите за траснпорт ќе ги засилат пораките за внимателност до нивните корисници.