Франција го доби дербито со Хрватска за влез во1/2 финале

Селекцијата на Франција го доби дерби натпреварот против Хрватска во првото коло од Група 2 на Европското првенство во Данска .Триколорите на крајот од првото полувреме успеаја да го скршат отпорот на коцкестите, да го преземат водството и кое успешно го чуваа до крајот на натпреварот – 27:25 (18:17).

Карабатиќ со седум гола беше најефикасен кај Французите, а со исто толку во противничкиот тим постигна иКопљар.

Во натпревар со многу пресврти, Шведска славеше против Русија со 29:27 (20:13).

Полска ја совлада Белорусија со 31:30. Полјаците имаа негатива од три гола (27:30) на три минути пред крајот, но сосерија од 4:0 во последните 180 секунди успеаја да стигнат до победата.

На табелата сега Франција е осамена со 6 бода, пред Хрватска и Шведска со по 4 бода, додека Русија и Белорусија се без бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.