Франција го елиминира и Еквадор

Вториот натпревар од последното коло во групата “Е”, дуелот помеѓу репрезентациите на Франција и Еквадор заврши и без победник и без погодоци.

Со освоениот бод, популарните “Галски Петли” ја осигураа првата позиција и за противник во 1/8 финалната рунда ја добија репрезентацијата на Нигерија, додека претставникот на Африка ги одигра последните 90 минути во Бразил.

“Создадовме неколку чисти шанси во двете полувремиња, но не бевме ефикасни. Сепак ја сум пресреќен поради пласманот во следната рунда. Конечниот резултат не може да го расипе моето одлично расположение. Јас сум задоволен од играта на моите фудбалери, бидејќи како први ја завршивме групната фаза. Ова не е вториот тим на Франција, ова е само еден поразличен тим, со различни фудбалери, но со иста идеа, за доминација и за офанзивна игра. Игравме против тим кој се бранеше со сите 10 фудбалери, против тим кој е одлично организиран”, изјави по натпреварот селекторот на Франција, Дидие Дешамп.