Франција: Група муслимани симболично чуваа црква за време на миса (видео)

Група од десетина муслимани во петокот вечерта се собра пред црква, во градот Ленс, во Северна Франција за симболично да ги заштити верниците за време на полночната миса, што според претседателот на Федерацијата на муслиманските здруженија во тој дел од земјата беше оценето како мошне „силен гест“.

Оваа иницијатива е превземена во време кога поради неодамнешниот масакр во Париз, празниците се слават под силно обезбедување. Ваквата одлука беше донесена од страна на француското МВР, поради страв од нови џихадистички напади, пренесуваат француските медиуми.

Сосема е нормално муслиманите да ги почитуваат другите вери и тој силен гест покажува дека муслиманите стојат со нашите сограѓани по нападите во Париз, вели Абделакер Аусеџ.

Иницијативата во црквата во францускиот град Ленс беше покрената од страна на Унијата на муслимански граѓани од Па де Кале со цел да „даде поинаква слика за муслиманите“.

Сакаме ова да се случи насекаде, посебно сега кога муслиманите се стигматизирани. Ова е вистинскиот Ислам, нема ништо заедничко со оние будали, нагласи тој.

На мисата присуствуваа околу 200 лица, кои го поздравија чекорот.