Франција ја чуваат 10.000 војници од напади на џихадисти

Десет илјади француски трупи и понатаму ќе патролираат ширум државата. Тие се распоредени на таа должност по нападите на џихадистите во јануари.

– Опасноста од терористички напади во нашата држава се уште е висока, соопшти Кабинетот на претседателот Франсоа Оланд по министерски состанок.

Шефот на државата одлучил да го задржи сегашното ниво на војската во приправност како поддршка за силите за безбедност од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се вели дека 7.000 трупи распоредени се пред се за заштита на верски објекти кои се посебно загрозени.

Министерот за одбрана Жан Ив Дриан по состанокот најави дека трупите ќе останат на своите позиции најмалку до почетокот на летото. Војниците надгледуваат згради на медиуми и други потенцијални цели откако џихадистите во јануари извршија напад во Париз во кој 17 луѓе загинаа.

– Војската штити речиси половина од чувствителните места во регионот Ил де Франс во кој се наоѓа и Париз, додаде Ле Дриан.