Франција ја “помина” и Летонија, следува дуел со Шпанија

“Триколорите” ја оправдаа улогата фаворит во четвртфиналето, иако Летонија се покажа како сериозен ривал и во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство.

Во финишот на вториот период, НБА ѕвездата Тони Паркер реализираше серија од девет поени, по кои Франција поведе и водството го зачува до крајот на натпреварот.

Паркер е главната алка во синџирот на Франција
Паркер е главната алка во синџирот на Франција

Токму Паркер со 18 поени беше најефикасен, додека уште четири негови соиграчи постигнаа двоцифрен број поени. Кај Летонија Кристапс Јаниченокс постигна 16 поени.

Во првото четвртфинале Шпанија ја победи Грција со 73:71.

Полуфинале меѓу Франција и Шпанија ќе се игра на утре.

Денеска на програмата се четвртфиналните дуели: Србија – Чешка и Италија – Литванија.

Поразените репрезентации од четвртфиналето ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.