Франција ќе учествува во воздушните напади врз исламистите во Ирак

Франција  ќе учествува  во воздушните напади врз исламистите од Исламска држава во Ирак, но во Сирија ќе дејствуваат на поинаков начин, пишува МИА.

– Во Ирак ќе учествуваме во воени дејствија од воздух, ако е неопходно. Но, во Сирија ситуацијата е поинаква, изјави францускиот министер за надворешни работио Лоран Фабиус во говор пред студенти на Академијата за политички науки во Париз.
– Дел од медиумите велат дека Франција е подготвена да дејствува во Ирак, но не и во Сирија. Не! Ние треба да дејствуваме и во двата случаја, но не на истиот начин, изјави министерсот.
Фабиус додаде дека сирискиот лидер Башар Асад не може да биде партнер во борбата против Исламска држава во Сирија бидејќи тој е соучесник со џихадистите.