вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 34

Франција на прагот од епидемија на грип

Грипот се шири во Франција о досега е регистриран во 13 региони во земјата, поради што француското Министерство за здравство апелираше на внимателност, посебно кај постарите лица, кои се мајмногу погодени од болеста оваа година, јави дописникот на МИА од Париз.

епидемија

Поврзани вести

Генералната дирекција за здравство соопшти дека околу две третини од заболените од грип се лица на возраст од над 65 години, нагласувајќи дека минатата недела се бележи нагло зголемување на здравствени интервенции кај луѓе од старосна категорија.

Министерството за здравство препорача за време на празничниот период, кој е „особено поволен за ширењето на епидемијата“, луѓе со симптоми на грип – треска, кашлица, болки и замор, да носат маска во присуство на луѓето од ризичните категории, редовно миење на рацете и користење на хартиени марамчиња за еднократна употреба.

Минатата среда мрежа за здраствен надзор „Сентинел“ посочи дека болеста го надминала прагот на епидемијата – 171 случаи на 100 000 жители, и на национално ниво прв пат оваа сезона достигнала 192 заболени на 100.000 жители. Потребно е да се види состојбата и оваа недела и ако бројот на заболени повторно остане над прагот, ќе има услови за прогласување епидемија на национално ниво.

Досега се регистрирани четири смртни случаи како последициа на заболувањето од грип, а над половина од заболените или 53 отсто, не биле вакцинирани против вирусот.

Во периодот од 12 до 18 декември, екипите на брза помош интербвенирале во над 2.400 случаи на лица заболени од грип, од кои 239 биле хоспитализирани.

Оваа година, кај поголемиот дел од заболените е идентификувани вирусот од типот А (Х3Н2), против кои штити вакцината против грип.

Здравстевните власти потсетуваат дека се уште може да се изврши вакцинација против сезонскиот грип, која посебно им се препорачува и на бремените жени.

Епидемиите на вирусен грип во просек траат девет недели. Сепак, понекогаш таа може да трае и подолго, како во зимскиот период во 2009-2010, кога траеше 16 недели.

Оваа година грипот во Франција започна многу порано од вообичаеното, а најпогодени се југот и југоистокот од земјата.

Најчитани вести