Франција не сака нејзините Евреи да заминат за Израел

Францускиот премиер Мануел Валс денеска изјави дека неговата земја не сака француските Евреи да заминат во Израел и додаде дека жали за изјавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој ги повика своите сонародници од Европа да емигрираат во еврејската држава, пренесоа француските медиуми.

– Мојата порака кон француските Евреи е „Франција е ранета исто како и вие и Франција не сака да заминете. Таа уште еднаш ви ја искажува својата љубов, поддршка и солидарност“, изјави премиерот за радио РТЛ, еден ден откако беа осквернавени стотици гробови на еврејските гробиште малиот град Сар-Инион во источна Франција.

Мануел Валс информира дека „во овој стадиум од истрагата нема трага што ќе води кон извршителите на ова дејствие“, што уште вчера беше жестоко осудено од претседателот Франсоа Оланд.

Многу претставници на властите и на еврејската заедница, шокирани и од атентатите во Копенхаген, исто така, го осудија вандалскиот настан, извршен еден месец по нападите во Париз, кои доведоа до смртта на 17 лица, вклучувајќи ги и четворицата убиени во еврејскиот супермаркет.

Како и по париските атентати во јануари, Валс ја критикуваше изјавата на израелскиот премиер: „Повторно жалам за зборовите на Бенјамин Нетанјаху. Дури да е во изборна кампања, сепак, не треба да си дозволува да зборува како ќе му текне. Местото на француските Евреи е во Франција“.

Францускиот премиер ги повика француските муслимани, кои, според проценките, бројат меѓу 3,5 и пет милиони лица, „целосно да ја преземат својата одговорност во борбата со исламофашизмот“.

– За да го совладаме овој исламофашизам,  а точно така треба да
го наречеме, силата треба да ја црпиме од единството. Не треба да
отстапуваме ниту пред стравот, ниту пред неразбирањето, изјави Валс.

То, истовремено, повика на броба против тероризмот и антисемитизмот, на „мобилизација на општеството околу секуларните начела“

Францускиот премиер изјави дека треба „да се обучуваат имами кои проповедаат во француските џамии“, и „ да се отфрлат имамите кои доаѓаат од странство“.