Франција нема да ја нападне Исламската држава во Сирија

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави денеска дека неговата држава нема да извршува воздушни напади врз милитантните активисти на Исламска држава во Сирија, иако француските сили минатата недела бомбардираа позиции на таа група на север во Ирак, објави МИА.

– Во Ирaк учествуваме во операција за воздушна поддршка, додека во Сирија и помагаме на умерената опозиција. Тоа е наш став и тој не се менува – изјави Фабиус во Советот за надворешни работи во Њујорк.

– Мислам сепак дека може да се дејствува во Сирија. И затоа не се поставува прешањето за меѓународна легитимност. Но, Франција не може да направи се, и сметаме дека е неопходно да ја поддржиме умерената опозиција и да се бориме истовремено против Асад и против Исламска држава – објасни Фабиус.