Франција парализирана: Народот на улица, нема железница и струја

Франција е парализирана. Народот е на улица, не работат железниците и целата земја е без струја.

Загрозено е дури и одржувањето на Европското првенство во фудбал, што дури ниту терористичките напади не успеаја да го одложат.

Членовите на финансискиот синдикат CGT гласаа за координирана серија штрајкови во сите 19 француски нуклеарни електрани и за прекин на испораката на електрична енергија.

Ројтерс наведува дека штрајковите ќе бидат одржани во рамки на протестите што се одржуваат низ цела Франција со цел владата да се натера на повлекување на спорниот план за реформи на работничкото законодавство.

Сите капацитети за производство на електрична енергија гласаа за штрајк што почнува во четврток. Сите 19 нуклеарни електрани гласаа за штрајк. Со прекинот на испораката на струја ќе почнеме  вечерва, изјави претставник на синдикатот CGT во компанијата за производство на електрична енергија ЕДФ, Лоран Ланглар.

Франција денес е веше парализирана поради штрајкот на железничарите што го сопреа поаѓањето на брзата железница во половината регионални линии.

Следната недела во Париз би требало да почне Европското првенство во фудбал, а од железницата се очекуваше да превезе околу 2,5 милиони посетители. Како што стојат нештата, доколку владата не попушти на барањата на демонстрантите, се поставува прашањето дали во овие околности воопшто ќе може да се организира најголемиот европски спортски настан.