Франција планира до 2040-та да го укине производството на нафта и гас

Франција до крајот на годинава има намери да усвои закони за постепено гушење на сите активности во истражувањето и производството на нафта и гас до 2040 година на својата континентална почва и на нејзините прекуморски територии, сппоред презентираниот нацрт закон.

Станува збор за првата таква одлука на некоја земја во светот.

Францускиот претседател Емануел Макрон сака Франција до 2050 година да стане „јаглено неутрална“ и планира да ги заузди емисиите на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина со напуштање на фосилните горива за кои смета дека придонесуваат за глобалнот затоплување.

Според нацрт законот претставен во средата, Франција повеќе нема да издава дозволи за истражување, а продолжувањето на постојните концесии постепено ќе се ограничува и до 2040 година ќе биде укинато. Таа година Франција планира, исто така, да укине продажба на бензински и дизелски автомобили.

„Со овој закон ќе се запре истражувањето на јаглеводородите на нашата територија, а постојните концесии нема да бидат продолжени по 2040 година“, се наведува во нацрт законот во кој увид имал Reuters.

Одлуката во најголем дел, сепак, е симболична затоа што Франција произведува само околу шест милион барели јаглеводороди годишно, што претставува околу еден отсто од нејзината потрошувачка, Франција ќе продолжи да увезува и да преработува нафта за своите потреби.

Во Франција никогаш досега не е издадена дозвила за производство на енергенси од шкрилци и ќе биде невозможно да се издејствува тоа откако законот ќе биде усвоен.

Законот би можел да ги погоди компаниите како што е најголемата нафтена француска компанија „Total“ која ги прекина нафтените истражувања во Франија, но уште има дозволи за истражување во француските прекуморски територии, како што е истражувањето на морето крај брегот на департманот Француска Гвајана. Од компанијата засега не го коментираа споменатиот предлог закон.

Претседателот Макрон решително продолжува со спроведувањето на клучниот договор за сузбивањето на климатските промени кој го прифатија околу 200 земји и територии кон крајот на 2015 година по речиси децениско преговарање во француската престлнина, по што годинава од него се повлекоа САД.

Во рамките на тие мерки Франција до 2022 година има намера да престане да произведува електрична енергија со помош на јаглен и да го намали на 50 отосто од над 75 отсто уделот на електричната енергија произведен во нуклеарните централи, додека предност ќе се дава на зголемениот удел на обновливите извори во миксот извори за добивање електрична енергија.