Франција последен пат изгубила официјален натпревар од Белгија во 1981 година

Натпреварот меѓу Франција и Белгија во полуфиналето на Светското првенство во Русија ќе биде нивна 74-та пресметка, но ниту една од претходните не била волку значајна. Од пријателскиот натпревар кој заврши со мирољубиви 3:3 во 1904 година, судбината на „Триколорите“ и на „Црвените Ѓаволи“ често се испреплетувала во квалификациските натпревари за големите натпреварувања, па дури и два пати овие два тима се сретнале во завршницата од светските првенства.

Тоа за прв пат се случи пред 80 години, во првиот круг на Мундијалот во Франција 1938 година кога домаќините славеа со убедливи 3:1. Нов судир на големите турнири мораше да се чека до 1986 година на Светското првенство во Мексико. Претходно овие два тима двапати играа едни против други во квалификациите за СП во 1958 и 1982, како и за ЕП во 1968 и 1976, но во Мексико влогот беше борбата за медал, но не златниот туку бронзениот.

Триколерите беа посреќни на крајот, победија по продолжетоците, а за Белгија остана утеха што на светот му го претставија Енцо Шифо, кој беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.

Од овој натпревар Белгија и Франција не одиграле официјален натпревар, само пријателски, а последниот во јуни 2015 година кога „Црвените ѓаволи“ за малку ќе ја декласираа Франција, но славеа со 4:3, откако „Триколорите“ во последните две минути постигнаа два гола.

Иако Белгија има подобар меѓусебен скор- 30 победи, 19 нерешени и 24 триумфи на Франција,како и 13 годишен низ без пораз (1957-1970), Триколорите загубија само два од 1о натпревари од натпреварувачки карактер, а последен пат во 1981 година.