Франција проституцијата ја чини 1,6 милијарди евра

Цената која ја плаќа Франција поради насилството на кое се изложени проститутките, според проценките на компанијата „Псител“, изнесува 1,6 милјарди евра годишно, додека истовремено проституцијата остварува приход од 3,2 милијарди евра, пишува МИА.

Студијата на „Псител“ е објавена од страна на асоцијацијата „Мувмен ди ни“ („Движење на гнездото“), која се бори за укинување на системот на проституција. Во студијата се опфатени економската и општествената цена на проституцијата, како човечката цена, социјалните и општествените последици поврзани со проституцијата.

Лани Европската комисија предлагаше земјите-членки на Унијата во своите БДП да ги вклучат и приходите од проституцијата, што францускиот Институт за статистички и економски студии го одби, оценувајќи дека проституцијата е поврзана со „пружање на услуги слободно и на добра волја“, отколку експлоатација на лица кои се во критична состојба.

Студијата покажува дека во Франција 37.000 лица се проституираат, човековата цена на проституцијата е проценета на 252 до 370 милиони евра годишно. Во оваа цена се подразбира физичкото насилство, како и зголемената смртност на лицата кои се проституираат. Паралелно, вкупните социјални трошоци кои државата ги одделува за лицата кои се проституираат се проценети на 50 до 65 милиони евра.

Истовремено, проституцијата оставрува приходи од 3,2 милијарди евра во Франција, пари добиени од клиентите, но добар дел од нив ја избегнува класичната економија и сите овие суми не се впуштаат во нормален тек на економијата, ниту се изложени на данок за приход. Дел од овие пари се испраќаат во странство.

Од овие 1,6 милијарди евра, колку што ја чини Франција проституцијата, 860 милиони отпаѓаат одбегнати или затаени даночни давачки, 331 милион на човековата цена на проституцијата, 306 милиони се индиректни социјални последици, 58 милиони директни социјални последици, 35 милиони директни немедицински последици и 86 милиони евра директни медицински последици

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.