Франција разви мобилна апликација за предупредување од терористички напади за ЕУРО 2016

Франција разви мобилна апликација за предупредување од терористички напади за ЕУРО 2016
Франција разви мобилна апликација за предупредување од терористички напади за ЕУРО 2016

Владата на Франција разви мобилна апликација за предупредување на јавноста во случај на терористички напади.

Апликацијата е промовирана синоќа во пресрет на Европското фудбалско првенство, кое почнува утре во Франција, пишува МИА.

По пат на апликацијата граѓаните ќе можат да ја алармираат полицијата во случаи на сомнежи за напад, соопшти Министерството за внатрешни работи на Франција.

Развојот на апликацијата е започнат по нападите лани во Париз во кои  загинаа 130 лица.

Во вторникот британските власти предупредија дека стадионите и местата каде ќе има многу луѓе, би можеле да бидат цел на напад во текот на ЕУРО 2016.

Со новата апликација корисниците ќе можат да се пријават за добивање известувања во осум различни географски зони. Предупредувањето ќе понуди краток опис на она што се случило, како и совети за тоа како да се биде безбеден.

При добивањето на информациите нема да се слуша никаков звук, ниту да се чувствуваат вибрации, со цел да се обезбеди дека секое лице ќе биде сигурно дури и доколку се наоѓа во близина на напаѓачот, јави Метро Њуз.

Француксите власти нагласија дека приватноста на корисниците ќе биде заштитена. Надградба на апликацијата ќе ги предупредува корисниците и на друг вид вонредни состојби, како што се поплави или индустриски несреќи.

Апликацијата е достапна за оперативни системи иОС и Андроид.