Франција, Русија и САД заедно против Исламска Држава

migranti

Како што рече, Франција по нападот во Париз ќе продолжи да сноси одговорност и да презема дел од европската солидарност на себе.

Бегалците во главно одат во Германија, северна Европа и Велика Британија, но повеќе од 30.000 бегалци ќе бидат прифатени во Франција во следните две години. Наша должност е да се грижиме за сопствената безбедност, но наша должност е и да се грижиме за тие луѓе, рече претседателот.

Оланд исто така одговори на критиките за наводното присуство на терористите меѓу бегалците што патуваат низ Европа.

Некои сакаа да направат поврзување меѓу бегалците од Блискиот Исток и терористичката закана за нашата земја. Таа поврзаност постои затоа што државјаните на Сирија и Ирак се тие што најмногу страдаар поради оние што ги организираа нападите врз нас, наведува Оланд.