Франција и САД подготвуват координиран напад врз ирачкиот град Мосул

Франција и САД подготвуваат координиран напад врз Исламска држава во нивниот бастион во ирачкиот град Мосул, информира портпаролот на француската Влада Стефан ле Фол, цитиран од британските медиуми.

-Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан, е во Вашингтон. Тој со Американците подготвува координиран напад врз Мосул, рече Ле Фол за радиото „Франс Инфо“.

Министерот за надворешни работи Жан-Марк Еро во интервју за Ројтерс вчера информира за средба на коалицијата против Исламска држава во Вашингтон.

Ле Фол не ги потврди информациите на весникот „Паризиен“, дека двајца француски командоси во неделата биле убиени во Либија. Тој, меѓутоа, потврди дека во Либија дејствуваат француските специјални сили.

-Таму, се разбира, има француски специјални сили, кои помагаат и се доказ дека Франција е присустна насекаде во борбата против терористите, додаде портпаролот, цитиран од британските медиуми.