Франција: Шест деца загинаа во судир на училишен автобус и камион (фото)

Шест тинејџери загинаа во сообраќајка во реонот на западниот француски град Рошфор, соопшти полицијата, пренесува АФП.

При директниот судир на училишен автобус и камион повредени се три лица. Во автобусот се превезувале 18 луѓе.

Сообраќајната несреќа се случила утрово во 07.15 часот по локално време.

Франција: Шест деца загинаа во судир на училишен автобус и камион
Франција: Шест деца загинаа во судир на училишен автобус и камион

Инаку ова е втора несреќа на училишен автобус во Франција во два дена. Вчера две деца на возраст од 12 и 15 години го загубија животот откако училишен автобус излета од патот поради снег во близина на границата со Швајцарија во источна Франција.

Автобусот превезувал 32 деца на екскурзија во Монбено, кога излетал од патот.