Франција, Шведска и Хрватска се пласираа во втората фаза на ЕП

Репрезентациите на Франција, Шведска и Хрватска, си обезбедија пласман во следната рунда на европското првенство во Данска, откако ги забележаа и вторите победи восвоитегрупи.

Франција во Групата Ц, славеше надПолска со минимални 28:27. Ова за Полска беше втор пораз и затоа тие во последното коло во директен дуел со Русија може да одлучуваат за место во Топ 12 фазата.

Карабатиќ со осум гола беше најдобар кај Французите, додека кај Полска Лучак постигна пет погодоци.

Шведска, пак, во Групата Д, лесно славеше против Белорусија со 30:22, па заедно со Хрватска од оваа група веќе обезбедија место понатаму. Не помогнаа ниту 13 погодоци што ги постигна Серхеј Рутенка. Во последното коло во директен дуел Белорусија и Црна Гора, кои досега имаат по два порази, ќе одлучуваат за третиот патник од оваа група во следната фаза натпревари на шампионатот.

Резултати ;Група Ц; Русија-Србија 27:25, Полска-Франција 27:29.

Група Д: Црна Гора -Хрватска 22:27, Белорусија- Шведска 22:30.