Свет

Франција со закон ќе заштити специфични производи

Франција со закон ќе заштити специфични производи

Баскијските беретки и еспадрилите со потекло од Кале, се ставени на листата заштитени производи во Франција, како “производи со посебно географско потекло”.

Таканаречените “обележја за географско потекло” ќе бидат резервирани за производите кои имаат посебен квалитет, кои се познати и имаат карактеристики кои се поврзани исклучиво со едно специфично подрачје.

За тие обележја претендираат и порцеланот од Лимож, чадорите од Оријак итн.

Производите со обележје за специфично географско потекло ќе бидат видно обележани и со закон заштитени од фалсификати, што ќе го зајакне нивниот извоз.