среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 51

Франција ќе побара суспензија на шенгенскиот договор

brisel-EU1

Поврзани вести

Поради терористичките напади во Париз, Франција од министрите во ЕУ ќе побара итна внатрешна контрола на границите и привремена суспензија на шенгенскиот договор.

Сепак, тоа не значи и повторно воведување на визи, но тоа ќе бара засилена известувачка работа и на безбедносните служби на Балканот, пишува „Б92“.

Ако биде прифатено барањето на Французите, во иднина ќе се спроведуваат чести и ригорозни контроли и идентификација на оние што влегуваат во Европа, што излегуваат од неа, но и на оние што се движат во границата на Унијата.

Француските власти уверуваат дека на тој начин би можеле да се спречат терористите. Групата што ги извела нападите во Париз непречено се движела низ Белгија и Франција.

Освен границите, построго ќе се контролира и авионскиот, бродскиот и железничкиот сообраќај.

Извесно е дека француските власти најголем притисок ќе извршат на Белгија имајќи во предвид дека терористите биле стационирани токму во оваа земја, но тоа нема да биде единствената земја на која ќе биде посветено поголемо внимание.

Најчитани вести