Франција: Уапсени осум лица поврзани со испраќање борци во Сирија

Осум лица се уапсени во Париз и Лион под сомнение дека се вклучени во мрежата која испраќа борци во Сирија поради придружување на џихадистите од ИД, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Бернар Казнев, пренесе Танјуг.

– Уапсените лица не се поврзани со терористичките напади во Париз од 7-ми до 9-ти јануари, изјави Казнев.

Франција го подигна нивото на будност по терористичките напади врз сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и маркетот за кошер во кои беа убиени 20 лица.

Според тамошните медиуми, досега стотици француски државјани им се придружиле на џихадистите во Сирија и Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.