Франција: Уапсени пет лица кои сакале да заминат за Сирија

Полицијата во Франција уапсила пет лица во регионот на Лион, кои се подготвувале да заминат за Сирија.

Според француски медиуми, тие се подготвувале да заминат во Сирија, преку Бугарија, за што веќе купиле и автобуски карти.

Операцијата на француската полиција беше спроведена од страна на антитерористичката поддирекција, судската полиција и специјалните сили за интервенција.

Според податоците од Франција има 1.700 џихадисти на фронтовите во Ирак и Сирија, по што следуваат Германија и Велика Британија со по 760, Белгија 460, Босна и Херцеговина 330 и Косово 232.